Потпретседателот на италијанската влада и министер за надворешни работи, Антонио Тајани, изјави дека постигнувањето мир во Украина е тешко, но одговорноста за тоа лежи кај Русија и нејзиниот претседател Владимир Путин, јавија италијанските медиуми.
Според Тајани, Русија треба да признае дека направила голема грешка и да заземе поумерена позиција за да се овозможи постигнување на мир.
– Ние сме на страната на Украина и ја браниме нејзината независност. Мирот не значи капитулација на Украина. Целта мора да биде праведен мир, истакна Тајани.
Тој се осврна и на неодамна одржаниот прв круг на претседателските избори во Романија, каде што победи лидерот на крајнодесничарскиот Сојуз за унија на Романите (АУР), Џорџе Симион.
„Романија е слободна земја и секогаш го почитувам гласот на избирачите. Ќе видиме како ќе помине вториот круг“, рече Тајани, додавајќи дека се надева оти антиевропските ставови нема да преовладуваат.