Командантот на воздухопловните сили на Хезболах, Мухамед Хусеин Сароур е убиен во израелски воздушен напад во либанскиот главен град Бејрут, потврдија денеска израелските вооружени сили (ИДФ).
Според соопштението на израелската армија, Сароур раководел и командувал со бројни воздушни напади против Израел, вклучувајќи ги и оние извршени со беспилотни летала со експлозиви и крстаречки ракети, пишува Тајмс оф Израел.
Сароур му се приклучи на Хезболах во 1980-тите и имал различни позиции, вклучително и во воздушната одбрана на терористичката група, во единицата Азиз, во силите Радван и како аташе на Хезболах во Јемен, каде што беше вклучен во воздушните сили на Хутите.
За време на војната, под негова команда биле изведени бројни напади со експлозивни беспилотни летала врз Израел, како и дронови за надзор, соопшти ИДФ.
היום, 26 בספטמבר 2024, בהכוונה מודיעינית מדוייקת של חיל האוויר ואגף המודיעין, מטוסי קרב תקפו בביירות וחיסלו את מחמד חסין סרור, מפקד היחידה האווירית של ארגון הטרור חיזבאללה>> pic.twitter.com/9btewwdOwE
— צבא ההגנה לישראל (@idfonline) September 26, 2024