Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тајмс оф Израел“: САД се согласија на израелска операција во Рафа ако Израел не го нападне Иран

САД го прифатија израелскиот план за копнена операција во јужниот дел на Газа во градот Рафа во замена да не извршат голем напад врз Иран, објави „Тајмс оф Израел“ (Time of Israel), повикувајќи се на неименуван египетски функционер.

– Американската администрација покажа дека го прифаќа планот што претходно го претстави окупаторската влада за воената операција во Рафа, во замена за неизвршување голем напад врз Иран, изјави неименуван египетски функционер за катарскиот медиум Ал Араби ал-Џадид.

Тој додаде дека Египет се подготвува за можните последици од инвазијата на Рафа, каде, според израелските медиуми, се лоцирани четири баталјони на палестинската милитантна група Хамас и над еден милион цивили кои побегнале од другите делови на Појасот Газа, а се претпоставува дека таму се и лидерите на Хамас и израелските заложници.

Зачлени се на нашиот е-билтен