Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Талески: Факт е дека ВМРО ДПМНЕ го блокира целиот проект со американските фирми за автопатишта

Договорот со стратешкиот партнер „Бехтел и Енка“за изградба на автопатишта е капитален проект со буџетски средства, истакна пратеникот на СДСМ, Миле Талески во гостувањето во ТВ24.

– Надзорот што е одбран е компанијата која победува на вториот тендер, односно ИРД и ако имате сомнежи, поднесете иницијатива до Обвинителството и еднаш засекогаш да заврши ова прашање – им порача Талески на опозиционерите.

Тој додаде дека СДСМ нема да дозволи да се блокирате овој голем капитален проект.

– Законот е донесен низ целокупната собраниска процедура и се однесува на фирма со изградени огромен број километри автопатишта низ целиот регион. Она што е факт дека ВМРО-ДПМНЕ сака да го блокира целиот процес, не сакаат да се изгради ниту еден километар, зашто сакаат тоа да прикажат како неуспех на Владата. Криминал нема, криминал има во практицирањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ, како земањето процент од 25 милиони евра… Дали се каете што го поддржавте овој закон во Собранието? – го праша Талески пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во вечерашната дебата.

Зачлени се на нашиот е-билтен