Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тамара Котевска во степите на Сибир го снима својот нов филм

Летово започна снимањето на новиот документарен филм на Тамара Котевска, возбудлива приказна која не носи во далечниот Сибир во светот на племето Долгани, во светот на нивните митови и легенди кои си ги пренесуваат од генерација на генерација.

Приказната на Тамара Котевска го следи конфликтот помеѓу традиционалните одгледувачи на ирваси и оние кои ископуваат мамутски коски за да ги продаваат на Кинезите.

-Наоѓање на визуелен јазик низ кој ќе се долови една тема и наоѓање на правата емоција која ќе допре до огромен број на луѓе. Тоа е магијата на филмот- вели Тамара за Трн.

Утре (вторник), на порталот Трн.мк ќе биде објавено целосното ексклузивно интервју со Тамара Котевска.

Адријана Георгиев за Трн.мк

Зачлени се на нашиот е-билтен