Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Таравари најави одговорност ако се потврдат наводите за малтретирањето на тримесечно бебе на Клиниката за детски болести

Министерот за здравство синоќа, заедно со директорот на Детската клиника тргна и лично да се сретне со семејството на детето, кое било на Клиниката за детски болести, а било малтретирано.

Оттаму потврди дека детето е повредено и оти има модринки по рацете. Уште еднаш повтори ќе се преземат мерки против секој кој постапил несоодветно со детето.

„Родителите се жалеа дека можеби не е третирано како што треба на Клиниката. Заедно со директорот дојдовме одблизу да видиме што се случува. Сите пациенти се важни, но децата се посебно важни. Од утре треба специјална комисија на Клиниката да разгледа и да ја слушне и другата страна. Ви гарантирам дека веднаш ќе преземеме мерки против тие коишто постапиле лошо кон детето коешто дојдовме вечерва да го посетиме. Не смееме да се однесуваме лошо кон пациентите“, изјави Таравари од пред семејниот дом на тримесечното бебе.

Случајот со тримесечното бебе кое било нападнато од персоналот на Клиниката за детски болести го објави порталот „Икс“. Родителите на бебето, како што објави медиумот, се сомневаат оти ова се случило како последица на вербален конфликт кој го имале со медицинските сестри за време на приемот. Сестрите биле нервозни бидејќи мајката и бабата на бебето не знаеле да комуницираат на македонски јазик.

Зачлени се на нашиот е-билтен