На почетокот на следната година Театар Комедија во копродукција со Перипетија Продукција ќе реализира театарска претстава како дел од проектот ПРОСПЕР (ПРОтотип за одржливи резиденции на ПЕРиферии). ПРОСПЕР е мултидисциплинарен проект кофинансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија и Министерството за култура на Република Северна Македонија кој го рализираат 5 партнерски организации: ЛУП (Грција), Ехо анимато (Србија), Ојун (Германија).
ПРОСПЕР има за цел: зајакнување на меѓународната културна соработка и методологиите за интегрирање на еколошките прашања во уметничките практики, создавање на нова публика и зајакнување на видливоста на европските уметници.
Претставата ќе биде инспирирана од: истражувањата, практиките и делата на 8те уметници кои беа дел од меѓународната резиденција во Охрид, реализирана како дел од проектот во април оваа година, чиј приоритет беше истражување на еколошките предизвици со кои се соочуваат Охридското Езеро и населените места во негова близина.
Претставата ќе ја реализира меѓународен тим на уметници, во соработка со ансамблот на Театар Комедија, а дополнителни детали околу насловот, актерската екипа и датумот за приемиерната изведба ќе бидат објавени на почетокот на следната театарска сезона.