Министерството за внатрешни работи соопштува дека телефонската линија 192 e во прекин поради технички проблем.
Како што се посочува во соопштението, граѓаните кои имаат потреба можат да го користат бројот 112, се до отстранување на техничките проблеми.
– Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека бројот 192 поради технички причини моментално не е во функција, се преземаат мерки за нивно отстранување. Ве информираме дека во функција е бројот 112 и граѓаните кои имаат потреба можат да го користат овој број, се наведува во соопштението.