Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Телефонски разговор Бајден – Нетанјаху

 Американскиот претседател Џо Бајден во денешниот телефонски разговор го уверил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за неговата „железна“ посветеност на безбедноста на Израел,  соопшти Белата куќа.

Бајден ја истакна потребата од постојано зголемување на хуманитарните испораки во Појасот Газа, каде што израелските сили се борат против радикалната палестинска група Хамас. 

Испораката на помошта мора да се одвива во целосна координација со хуманитарните организации, беше мислењето на Бајден.

Тие, исто така, ги разгледаа тековните разговори за да се обезбеди ослободување на заложниците заедно со итен прекин на огнот во Газа. Претседателот Бајден се осврна на неговата изјава со 17 други светски лидери кои бараат Хамас да ги ослободи заложниците без одлагање за да обезбеди прекин на огнот и олеснување за луѓето во Газа.

Бајден и Нетанјаху разговараа и за можната воена операција на Израел во јужниот град Рафа во Појасот Газа, на границата со Египет, а американскиот претседател го потврди својот став по ова прашање.

Тоа е прв разговор меѓу Бајден и Нетанјаху откако двајцата се слушнале по масовниот ирански напад врз Израел ноќта на 14 април со над триста беспилотни летала и проектили. 

Зачлени се на нашиот е-билтен