Телефонски разговор Мерц – Нетанјаху

 Германскиот канцелар Фридрих Мерц во денешниот телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху апелираше на умереност во израелските напади врз Иран.

Според неименуван извор од германската Влада, Мерц изразил начелна поддршка за израелските воени напади врз иранската нуклеарна инфраструктура, но ја нагласил и важноста на дипломатското решавање на судирот.

Во Германскиот конзулат во Женева за утре е закажан состанок на министрите за надворешни работи на Германија, Франција, Велика Британија и на Иран, со цел да се добијат гаранции од Техеран дека нуклеарната програма ќе се користи исклучиво за цивилни цели.

Јохан Вадефул, Жан-Ноел Баро и Дејвид Лами пред средбата со шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи, ќе се сретнат со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

Според неименувани извори средбата е организирана во договор со САД. 

Зачлени се на нашиот е-билтен