За да останат во контакт со своите блиски во време на криза, Телеком Македонија од денес им активира на своите корисници во Блискиот Исток, вклучувајќи ги Израел, Катар, ОАЕ и Саудиска Арабија, бесплатен роаминг пакет од 10 GB интернет со важност од 7 дена. Оваа мерка е дел од напорите компанијата да им овозможи на своите корисници да останат поврзани и да комуницираат со семејството и пријателите додека се наоѓаат во загрозени региони.
Од Телеком нагласуваат дека бесплатниот пакет се активира автоматски и е наменет за сите постојни корисници кои моментално се присутни во наведените земји, без дополнителни трошоци, со цел да се олесни комуникацијата и да се обезбеди безбедноста на корисниците.
Ова е дел од пошироката политика на компанијата за поддршка на своите корисници во ситуации кога комуникацијата е критична, особено во услови на ескалација на кризи или непредвидени настани.