Телекомуникациските услуги во зафатениот Појас Газа повторно се во прекин, соопштија денеска телекомуникациските компании „Џавал“ и „Палтел.
Двете компании со седиште на Западниот Брег објавија пораки на „X“ во кои потврдуваат дека „Газа повторно е затемнета“.
Причината за прекинот е „тековната агресија“ на Израел на палестинската територија, рекоа тие.
Од почетокот на војната, комуникациските мрежи во затворениот крајбрежен појас се во прекин неколку пати.