Пратеничката од СДСМ, Јованка Тренечвска, на денешната седница на Комисијата за социјална политика, демографија и млади не и дозволи на претседателката на Комисијата Илире Даути да го утврди дневниот ред без претходно тој да биде надополнет со законот за бранителите.
Барањето дневниот ред да се дополни со Законот за бранители, Тренчевска го образложи со членот 131 од Деловникот на Собранието, потенцирајќи дека материјалот е во процедура и предлогот треба да се стави на гласање, објаснувајќи дека со законот се опфатени правата од социјална заштита за бранителите и нивните семејства.
И претседателката на Комисијата Илире Даути од Европскиот фронт, која ја прекина седницагтга, се повика на членови од Деловникот. Смета дека поминати се сите рокови за дневниот ред на Комисијата да може да се надополни со Законот за бранители.
„Ставовите 1 и 2 од членот 176 од Деловникот, седницата на матичното работно тело за закон по скратена постапка се свикува и започнува веднаш, но не подоцна од 24 часа ниту порано од шест часа, а ќе заврши во рок од три дена од започнувањето“, го цитира Даути Деловникот. Даути се повика и на членот 9 од Уставот дека сите граѓани во државата се рамноправни.
Пратениците на СДСМ го поднесоа законот во Собранието во јули, а тој беше ставен на дневен ред на седница во септември. Ја мина потребата за негово носење, но не беше ставен на дневен ред на Комисијата за социјална политика во предвидениот рок, а сега веќе за тоа нема можност, според објаснувањето на претседателката Даути.