Тешка сообраќајна несреќа вечерва на Партизанска, на местото каде што загина Фросина Кулакова

Вечерва на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје се случи тешка сообраќајна несреќа, во непосредна близина на местото каде што пред извесно време трагично загина младата Фросина Кулакова.

Според информации од очевидци, во несреќата учествувале три возила – „Голф“, „Мерцедес“ и „БМВ“. Од силниот удар, автомобилите се извртеле на патот.

Очевидци изјавиле дека до судирот најверојатно дошло поради неприлагодена брзина на возачите. Засега нема официјални информации дали има повредени лица.

Повеќе детали се очекуваат во текот на вечерта.

Фото: Фактор
Извор: faktor.mk

Зачлени се на нашиот е-билтен