Тетово: пронајдено безживотно тело на млада жена меѓу згради

Борците
Тетово, MacedonianBoy, CC BY-SA 3.0 , via Wikimedia Commons

Безживотно тело на млада жена беше пронајдено меѓу згради спроти Центарот за социјални работи во Тетово. На терен излегоа полициски екипи и дежурен јавен обвинител, кои го обезбедија местото и започнаа увид. Oколностите под кои настапила смртта се предмет на истрага.

Обвинителството соопшти дека, покрај увидот на локацијата, извршена е проверка и во изнајмениот стан каде што престојувала девојката. Наредена е обдукција и распит на повеќе лица за да се утврдат причините и можната динамика на настанот. До завршување на форензичките вештачења, институциите воздржано ги третираат шпекулациите за причина на смртта.

Локалните портали јавуваат дека телото било забележано вечерта, по што граѓани повикале полиција. Дел од медиумите наведуваат дека се работи за студентка од Косово, но официјална потврда за идентитет и деталите ќе следи по завршување на службените постапки.

Зачлени се на нашиот е-билтен