Тажно и неславно заврши настапот на 41 годишната американска скијачка Линдзи Вон во Кортина Д’ампецо.
Таа во трката во спуст по само десетина секунди на патеката излета и падна обновувајќи ја својата повреда.
Во моментот на падот шок завладеа на скијалиштето а трката беше прекината.
Неколку минути потоа медицински хеликоптер дојде по Вон, пренесеувајќи ја во најблиската болница.
Засега нема информации за Вон, која на овие ЗОИ се обиде да направи кам бек откако се повлече од скијањето во 2018 година.