Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ти си минато, Орбан изложен на жестоки критики од неговите некогашни сојузници од ЕНП во Европскиот парламент

„Премиере Орбан, вашето сегашно претседателство е лоша сенка на вашето претходно. Во 2011 година одржавте 44 состаноци во Будимпешта и затворивте 103 досиеја. Денес речиси никој не сака да дојде кај вас и немате вистински достигнувања. Тогаш, вие бевте во центарот на Европа; денес“, вие сте сами, му се обрати директно в лице на унгарскиот премиер и актуелен претседавач со Европскиот совет Манфред Вебер, европратеник, претседавач на групата на Европската народна партија во Европскиот парламент и претседател на Европската народна партија од која Виктор Орбан и неговата Фидеш беа исклучени во 2021 година .

Манфред не застана тука и продолжи да му се обраќа на Орбан за време на отчетот на унгарскиот премиер пред Европскиот парламент за неговата досегашна работа како претседавач со ЕУ.

„Корупцијата ја уништува иднината на Унгарија – последиците ги гледаме секој ден. Речиси 400.000 Унгарци ја напуштија земјата, преку глава им е од корупција. Вашето раководство, премиере Орбан, го изневерува унгарскиот народ. Како ЕНП, знаеме дека Унгарија заслужува подобро“, истакна Манфред Вебер на заседанието на Европскиот парламент.

На крајот Манфред Вебер од говорницата му порача: Унгарците заслужуваат силен глас во Европа. Премиере Орбан, ти си минато; Питер Маѓар и пријателите на TISZA се иднината!“

Говорејќи за време на дебатата со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Европскиот парламент во Стразбур, и Урсула Фон дер Лаен ја осуди неволноста на Будимпешта да им се приклучи на своите партнери од Европската Унија во помошта на Украина против руската инвазија, како и одлуките што ги зајакнуваат врските со Москва и Пекинг, пренесува Ројтерс.

„Светот беше сведок на злосторствата на руската војна. Сепак, сè уште има такви што за оваа војна не ги обвинуваат напаѓачите, туку оние што беа нападнати“, рече Фон дер Лаен, германска политичарка од десниот центар и поранешна министерка за одбрана.

„Сè уште има такви што за оваа војна не го обвинуваат (рускиот претседател Владимир) Путин поради неговиот копнеж за моќ, туку Украина поради нејзината жед за слобода. Затоа сакам да ги прашам, дали некогаш би ги обвиниле Унгарците за советската инвазија во 1956 година?“, додаде таа.

Како одговор, Орбан рече дека е „изненаден“ од говорот на Фон дер Лаен и отфрли каква било паралела помеѓу неуспешниот бунт на Унгарија во 1956 година против советската репресија и борбата на Украина да ја одбрани својата територија.

Тој го повтори повикот за прекин на огнот во Украина.

Зачлени се на нашиот е-билтен