Магазинот Time ја посвети својата нова насловна на убиството на десничарскиот инфлуенсер Чарли Кирк.
„Доста е. Убиството на Чарли Кирк и епидемијата на американското политичко насилство“, стои на насловната, а во позадина е фотографија направена непосредно пред вчерашниот напад.

Печатеното издание на Time со оваа насловна ќе биде достапно за продажба од 29 септември.
Во објавата, Time потсетува дека Америка е оформена од политичко насилство и дека неговите последици се чувствуваат со децении. На пример, шестеесеттите години на минатиот век беа обележани со политички атентати, од Џон Кенеди до Мартин Лутер Кинг.
„Убиството на Чарли Кирк може да стане не само трагедија, туку и катализатор — настан кој ќе радикализира сè поголем број Американци, помалку како исклучок, а повеќе како обележје на нашата сè поопасна национална политика“, истакнува Time.
Сепак, се поставува прашањето: кога Македонија ќе види слична насловна? По години на трагедии, насилства, неправди, труења, корупција и незаконско работење, медиумите често не се доволно гласни или повлекуваат полусмислени реакции. Дали некогаш ќе дојде ден кога македонските редакции, по бројните шокантни настани во земјата, ќе испечатат една таква силна порака: „ДОСТА Е!“? Или и понатаму ќе гледаме само низа вести без вистинско предупредување и без јавен шок кој би придонел за промена?
Ова е прашање што ги тишти граѓаните: дали медиумите ќе станат глас на јавноста, или ќе продолжат да бидат неми сведоци на секој нов скандал и трагедија?