Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тинејџер во САД осуден на 40 години затвор поради подметнување смртоносен пожар

 Еден од тројцата тинејџери обвинети за смртоносен пожар во куќа во Денвер, кој го подметнал како одмазда за украден мобилен телефон, е осуден на 40 години затвор, објавија денеска американските медиуми.

Во пожарот загинаа пет мажи од Сенегал, Џибрил Диол (29), Аја Диол (23), Кадија Диол (1), Хасан Диол (25) и шестмесечната Хава Баи, а три лица успеаја да избегаат од пламените јазици скокајќи од вториот на првиот кат од куќата, пренесува Еј-Би-Си Њуз.

Гевин Сејмур (19) се изјасни за виновен во јануари оваа година по една точка од обвинението за убиство од втор степен поради неговата улога во подметнувањето пожар на 5 август 2020 година, а судијката на Окружниот суд во Денвер, Карен Броди го осуди на максимална можна казна, пренесе весникот „Денвер пост“. 

Зачлени се на нашиот е-билтен