Тошковски брзал на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, па бил „уловен“ од камерите на „Безбеден град“

Утрово, движејќи се со своето приватно возило кон Кавадарци каде што денеска се одржува партискиот конгрес, добив смс порака за сторен сообраќаен прекршок констатиран од системот „Безбеден град“, бидејќи сум се движел со 1 км/ч над дозволената брзина, пишува на социјалните министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој додава дека управувањето со возило е обврска, не привилегија и дека така се градело доверба и безбедност.

„Ова е најдобрата илустрација за тоа како треба да функционира државата. Системот важи и постапува еднакво кон сите и ако регистрира прекршок – санкцијата следи, без разлика кој е во возилото. Нема исклучоци, нема селективност, нема привилегирани. Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку ред, дисциплина и спасување човечки животи“ наведува Тошковски во објавата.

Зачлени се на нашиот е-билтен