Трагедија кај Бигорски: возило во Радика, затворен патот Маврово–Дебар

Сообраќајот на регионалниот пат Маврово–Дебар е во прекин од 18:30 часот поради интервенција за извлекување патничко моторно возило од водите на реката Радика, во близина на Манастирот „Св. Јован Бигорски“. Според информацијата, станува збор за сообраќајна незгода со загинати лица.

Од терен се работи на извлекување на возилото, по што патниот правец е целосно блокиран за возила во двата правца. Надлежните служби упатуваат возачите да ја следат состојбата на патиштата и официјалните сервисни информации до нормализирање на сообраќајот.

Зачлени се на нашиот е-билтен