Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Трагедија во центарот на Скопје: 15-годишно момче падна од катна гаража


Страшен настан синоќа го потресе Скопје, откако 15-годишен малолетник починал по пад од катна гаража во центарот на Скопје.

Безживотното тело на момчето било пронајдено на улицата до катната гаража „Разловечко востание“ која се наоѓа пред Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје.

На терен биле полициски екипи кои извршиле увид за утврдување на деталите и причините за овој трагичен настан.

Од МВР засега не откриваат повеќе детали за трагедијата.

Најново