Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Трајанов: ДС излегува од владината коалиција

Претседателот на Демократски сојуз , Павле Трајанов вечерва на прес конференција најави дека неговата партија излегува од власта.

-Демократски сојуз излегува од владината коалиција и ќе делува како опозиција истакна претседателот на партијата Павле Трајанов по состанокот на Централно собрание во партиското седиште на партијата. Демократски сојуз нема да ја поддржи реконструкцијата на Владата и нема да биде дел од парламентарното мнозинство, изјави Трајанов.

Партијата на Трајанов соопшти дека и понатаму ќе иницира и поддржува реформи поврзани со евроинтеграциските процеси, со започнатиот скрининг процес, како и со законите кои се во интерес на граѓаните и на државата.

Деморатскиот сојуз како и досега ќе ги штити стратешките и националните интереси на Македонија и нејзините граѓани, се наведува во партиското соопштение.

Инаку, вчера и Алтернатива ја напушти владината коалиција и соопшти дека ќе делува како опозиција.

Зачлени се на нашиот е-билтен