Трајковски на фб: Немало да примаме илегални мигранти до март 2026 година, но тоа не значи дека нема да примиме легални мигранти

Немало да примаме илегални мигранти до март 2026 година, но тоа не значи дека нема да примиме легални мигранти. Зошто пак се споменува март 2026 година?

Професорот на Техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајковски, на својот фб профил коменитрајќи ја најавата на британските меидуми дека македонската влада на чело со Хлристијан Мицкоски е подготвена да прими мигранти, напиша:

„Дојде време да одмериме дали е подобро да ги запишеме Бугарите во Уставот, да започнеме пристапни преговори со ЕУ што ќе ни донесат ЕУ грантови или да примиме 30-40 илјади одбиени азиланти од Велика Британија и да заглавие во должничко ропство за брзата пруга“, напиша Трајковски.

„Немало да примаме илегални мигранти до март 2026 година, но тоа не значи дека нема да примиме легални мигранти. Зошто пак се споменува март 2026 година? Дали се спремаат за брзи избори, па не сакаат да го иритираат населението дотогаш, а после изборите ќе примаат кого што ќе посакаат?

„Вакви манипулатори оваа земја досега не видела“, напиша Трајкоски на својот фб профил.

Зачлени се на нашиот е-билтен