Американскиот претседател Доналд Трамп денес ѝ се закани на Венецуела со несогледливи последици доколку не ги прими назад „затворениците и пациентите од психијатриските болници“ кои, како што тврди, таа земја ги „втурнала“ во САД.
„Сакаме Венецуела веднаш да ги прифати сите затвореници и пациенти од психијатриските болници кои венецуелските лидери насила ги протнаа во САД“, напиша американскиот претседател на својата социјална мрежа Truth Social.
„Избркајте ги веднаш од нашата земја, или цената што ќе ја платите ќе биде несогледлива“, наведе Трамп.
Прочитајте уште:
- Трамп: САД потопија и трет венецуелски брод (16 септември)
- Трамп: Војската на САД гаѓала брод со дрога од Венецуела, тројца загинале (15 септември)
- Трамп се закани со уривање авион, Мадуро му одговори: „Лажеле за Ирак, лажат и за Венецуела“ (6 септември)
Трамп, кој ја поведе САД во немилосрдна борба против нелегалната имиграција, неодамна го зголеми дипломатскиот и воениот притисок врз Венецуела.
Вашингтон го обвинува претседателот на Венецуела Николас Мадуро и неговата влада дека водат огромна организација за трговија со дрога во САД и објави дека неодамна уништил неколку „наркотерористички“ бродови.
Каракас ги отфрла овие обвиненија.