Трамп бара улога во изборот на новиот Ајатолах во Иран, Мојтаба е неприфатлив

Трамп

Нов лидер на Иран стана тема во Вашингтон, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД „мора да бидат вклучени“ во процесот на избор на следниот врховен лидер на Иран, по смртта на ајатолахот Али Хамнеи во првите удари на војната.

Трамп, во изјави пренесени преку, рече дека синот на Хамнеи, Мојтаба, за него е „неприфатлив“ и дека Вашингтон сака личност што ќе донесе „хармонија и мир“ во Иран. Во исто време, тој призна дека процесот е „многу рано“ започнат и дека Техеран сè уште официјално не објавил наследник.

Во посебно телефонско интервју за Reuters, Трамп дополнително нагласи дека САД не сакаат „да се враќаат“ во ист конфликт на секои неколку години и дека американското влијание треба да биде долгорочно. Во истата линија, тој ја отвори и темата за иранската курдска опозиција, охрабрувајќи ги да преминат во офанзива против иранските безбедносни сили, без јасно да потврди каква поддршка би добиле на терен.

Изјавата веднаш ја обнови дилемата дали целта на американско-израелските операции е ограничена на воени и нуклеарни капацитети, или се движи и кон политичко прекројување на Техеран. Додека конфликтот влегува во шести ден, прашањето за наследувањето во Иран останува отворено, а секоја изјава за „вклучување“ од надвор дополнително ја крева чувствителноста околу легитимитетот на идниот избор.

Зачлени се на нашиот е-билтен