Трамп до Куба: Без договор со САД, нема веќе нафта ниту пари

Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп денес предложи Куба да склучи договор со САД, предупредувајќи дека островската нација во спротивно нема да добие повеќе нафта или пари.

„Нема повеќе нафта или пари што доаѓаат во Куба – нула! Силно препорачувам да постигнат договор пред да биде предоцна“, рече Трамп на својата социјална мрежа Truth Social, пренесува Ројтерс.

Според Трамп, Куба со години живеела од „големи количини нафта и пари од Венецуела“.

Зачлени се на нашиот е-билтен