Трамп во вторникот објави дека ќе воведе царини за Русија за 10 дена ако Кремљ не се согласи да ја запре војната дотогаш. Дмитриј Медведев, заменик-шеф на рускиот Совет за безбедност и поранешен руски претседател, изрази незадоволство од таа најава.
-Трамп ја игра играта на ултиматум со Русија: 50 дена или 10… Тој треба да запомни две работи: 1. Русија не е Израел, па дури ни Иран. 2. Секој нов ултиматум е закана и чекор кон војна. Не меѓу Русија и Украина, туку со неговата сопствена земја. Не одете по патот на Поспаниот Џо, напиша Медведев на „X“.
На тоа Трамп вака изреагира: „Кажете му на Медведев, неуспешниот поранешен претседател на Русија, кој мисли дека е сè уште претседател, да внимава што зборува. Влегува во многу опасна територија“, напиша Трамп.