Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека би можел да се приклучи на евентуалната средба меѓу рускиот и украинскиот претседател, која треба да се одржи в четврток во Турција, со посредство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Имено, Трамп денеска говорејќи во Белата куќа рече дека верува оти средбата има потенцијал да донесе резултати, но дека се уште не знае дали лично ќе патува.
Не го потценувајте четвртокот во Турција. Претседателот Ердоган е одличен домаќин. Работиме со него и за Сирија… Мислам дека би можеле да имате добар состанок, има потенцијал за добра средба. Средбата не требаше да се случи и јас инсистирав да се одржи… Можеби ќе добиеме добар резултат од средбата во четврток во Турција… Верувам дека и двајцата лидери ќе бидат таму. Размислував да одлетам. Не знам каде ќе бидам во четврток, имам толку многу состаноци… Но, постои можност, претпоставувам, ако мислам дека нешто може да се случи. Мислам дека добри работи можат да произлезат од тој состанок. Престанете со крвопролевањето. Тоа е крвопролевање“, рече Трамп.
Во моментов не е јасно дали Трамп е сериозен за неговото пристигнување во Истанбул.
Од Белата куќа нема официјална потврда за неговото заминување.
Досега само Володимир Зеленски го потврди своето пристигнување во Турција, додека рускиот претседател Владимир Путин се уште јавно не го потврди своето учество.