Трамп: Добиваме многу глупости од Путин, ќе им испратам Патриот ракети на Украинците

Фото од принтскрин на Донал Трамп

Доналд Трамп го изрази своето разочарување од Владимир Путин и вети дека ќе испрати 10 ракети „Патриот“ во Украина, откако во понеделникот објави дека испораките на американско оружје ќе продолжат, неколку дена откако беа запрени од Пентагон, пренесува „Гардијан“.

Зборувајќи на состанок на кабинетот во вторник, Трамп рече дека станува сè повеќе фрустриран од рускиот лидер.

„Добиваме многу глупости од Путин, ако сакате да ја знаете вистината“, рече тој.

На прашањето дали сака да види дополнителни санкции против Русија, Трамп одговори дека ја разгледува таа можност.

Во понеделникот тој рече дека е „разочаран“ од претседателот на Русија и дека ќе испрати „повеќе оружје“ во Украина.

„Ќе им испратиме уште малку оружје што го имаме. Тие мора да можат да се одбранат. Сега се погодени многу силно“, рече Трамп.

Преземено од Мета.мк

Зачлени се на нашиот е-билтен