Претседателот на САД, Доналд Трамп, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, се сретна со европски претставници и лидери на НАТО во Белата куќа.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка Џорџија Мелони, францускиот претседател Емануел Макрон, финскиот претседател Александар Стаб и британскиот премиер Кир Стармер пристигнаа во Вашингтон на разговори со Трамп и Зеленски.
Трамп ги откри деталите од разговорот со Путин
За време на разговорите со високи претставници, Трамп рече дека Владимир Путин прифатил безбедносни гаранции за Украина.
„Верувам дека, во многу значаен чекор, претседателот Путин се согласи со прифаќањето од страна на Русија на безбедносни гаранции за Украина“, рече Трамп.
Тој додаде: „Мислам дека европските земји ќе преземат голем дел од товарот. Ние ќе им помогнеме и ќе го направиме многу безбедно.“
Сепак, Трамп додаде: „Исто така, треба да разговараме за можна размена на територии.“