Трамп го исклучи учеството во 2028 како потпретседател: Би сакал и трет мандат како претседател

Фото од принтскрин на Донал Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го исклучи можноста да се кандидира за потпретседател на САД во 2028 година, но додаде дека би сакал да помине и трет мандат во Белата куќа како претседател.

Според 22. амандман на американскиот Устав, никој не може да биде избран за претседател повеќе од два пати, јавува Ројтерс.

Некои поддржувачи на Трамп сметаа дека тој би можел да се кандидира за потпретседател, додека друга личност се кандидира за претседател и по изборите поднесе оставка, што би му овозможило на Трамп повторно да стане претседател.

Трамп изјави дека не би се кандидирал за потпретседател, додавајќи: „Мислам дека луѓето тоа не би го прифатиле. Тоа не би било правилно.“

Што се однесува до трет претседателски мандат, Трамп им рече на новинарите: „Би сакал тоа да го направам. Имам најдоби резултати досега. Дали го исклучувам? Тоа ќе морате вие да ми кажете.“

Зачлени се на нашиот е-билтен