Трамп го нарече поранешниот директор на ФБИ Коми „корумпиран полицаец“

Трамп го нарече поранешниот директор на ФБИ Коми „корумпиран полицаец“

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го нападна поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, нарекувајќи го „поткуплив и корумпиран полицаец“ – неколку часа откако денеска беше поднесено обвинение против Коми за попречување на правдата.

Министерството за правда на САД соопшти дека 64-годишниот Коми е обвинет за давање лажни искази пред Сенатот во 2020 година, во рамките на истрагата за наводни врски меѓу Русија и изборната кампања на Трамп во 2016 година. Коми беше разрешен од функцијата во 2017 година од тогашниот претседател на САД – Трамп.

„Џејмс Коми лаже! Тој е еден корумпира полицаец и секогаш бил“ напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“, додавајќи дека „лагата има сериозни последици и мора да се плати висока цена“.

Министерството за правда соопшти дека Коми може да се соочи со казна до пет години затвор. Во видео објавено на „Инстаграм“, Коми изјави дека не се плаши, дека верува во федералното правосудство и дека е невин.

Зачлени се на нашиот е-билтен