Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Трамп и Харис со засилена медиумска застапеност во нетрадиционаните медиуми – подкаст, радио и Јутјуб

Во завршните фази од изборната трка американските претседателски кандидати, демократката Камала Харис и републиканецот Доналд Трамп, вршат своевиден медиумски блицкриг со засилени настапи на нетрадиционалните медиуми како подкаст, радио или Јутјуб емисии.

Секој од кандидатите има своја цел, Харис апелира на афроамерикансата машка популација, но и на женската помлада. Додека Трамп бара поголема подршка кај жените, но и кај машката помлада популација. Обајцата се обидуваат да привлечат што повеќе јужноамерикански гласачи. Пораката до овие разнородни групи може подобро да стигне во време кога подкастите и интервјуата на Јутјуб можат да влијаат многу повеќе од традиционален вечерен телвизиски настап на „60 минути“ (на “Си-Би-Ес“), наведува „Волстрит журнал“.

Трамп води многу поактивна медиумската застапеност наспроти Харис, и досега имаше бројни настапи на конзервативната телевизија „Фокс њуз“. Тој седнува на интервјуа со новинари од главно конзервативните печатени медиуми, и се појавува на низа подкасти. Харис пак, иако на почетокот беше понеактивна, во изминатиот период сака да престигне и ја засили својата медиумската кампања.

Според проценките на весникот, откако стана претседателски канддат, Трамп досега на телевизија се појавил 28 пати, многу повеќе од Камала Харис, која откако беше номинирана од демократите имала само 12 телевизиски настапи.

На радио, Трамп има настапно десет пати додек Харис седум. Тој се согласил на интервјуа за печатени медиуми десет пати, додека Харис само два. Републиканскиот кандидат е мнопоактивен и на подкасти, каде настапил седум пати, додека Харис се појави само два. Двајцата имаат настапено по три пати на Јутјуб и други онлајн видеа.

Трамп еднаш настапи и на „Икс спејсес“, дискусиона платформа на социјалната мрежа Х, каде разговараше со нејзиниот сопственик, милијардерот Илон Маск. 

Борис Камчев за Рацин.мк од Вашингтон

Зачлени се на нашиот е-билтен