Доколку ја изгради, триумфалната порта во Вашингтон, што си ја има замислено Доналд Трамп, ќе биде поголема од познатиот Меморијал на Линколн.
„Вашингтон пост“ пишува дека Трамп има намера да купи парцела во близина на Спомен-мостот над реката Потомак.
Претседателот на САД предвидува планираниот лак да биде висок 76 метри, или значително повисок од Меморијалот на Линколн висок 30 метри, објави „Вашингтон пост“. Секако портата ќе биде повисока од Триумфалната порта во Париз, којашто е висока 50 метри.

Му тргна градењето на Трамп откако ја започна градбата на ново Источно крило на Белата куќа што содржи сала за бал. Со површина од 8.270 квадратни метри, новата сала за бал се очекува да биде поголема од површината на Белата куќа од 5.110 квадратни метри, на истата висина од 22 метри.
„Не мислам дека толку голема порта треба да биде таму“, изјави за „Пост“ Кејтсби Ли, уметнички критичар кој предлагаше поскромна порта во есеј од 2024 година. Идејата на Ли наводно му ја донеле на Трамп сојузниците на администрацијата на претседателот.
Ли првично предложил привремен, 60-метарска порта за да ја одбележи 250-годишнината од прогласувањето на независноста на САД. Но, Трамп се одлучил за траен дизајн четири пати поголем и финансиран со преостанатите донации за проектот за балска сала во Белата куќа вреден 400 милиони долари.
Ли, исто така, препорача архитект, Николас Лео Шарбоно, кој во септември ентузијастички објави на Икс: „На Америка ѝ е потребна триумфална капија!“, заедно со рендерирање. Според извештаите, Шарбоно оттогаш е ангажиран од Белата куќа да работи на проектот.
Но, локацијата на предложениот лак е на мала парцела што е под надлежност на Службата за национални паркови на САД. Се наоѓа помеѓу Споменикот на Линколн и Националните гробишта Арлингтон и би можела да го преобликува постојниот однос меѓу двата споменика, како и да го попречи погледот на пешаците.
Трамп наводно размислувал и за поскромни дизајни на порти, но, претседателот одлучил да оди на големо, делумно затоа што 250 стапки ја одразуваат 250-годишнината од прогласувањето на независноста на САД во јули.
Луѓето на вечерата го цитираа Трамп како вели: „250 за 250 има најразумна смисла“.
Се вели дека Трамп им рекол на гостите на Божикниот прием во Белата куќа: „Онаа што луѓето најмногу ја знаат е Триумфалната порта во Париз, Франција. И мислам дека ќе ја надминеме многу“.
Идејата за огромна порта во Вашингтон не е сосема нова. Трамп изјави за „Политико“ во декември дека се надева дека ќе започне со изградба на портата во рок од два месеци. Порано во јануари, тој објави слики на својата платформа Truth Social од три потенцијални дизајни, вклучувајќи еден со позлата.