„Ја мразам Тејлор Свифт“, напиша денеска на својата социјална мрежа Truth Social Доналд Трамп.
Оваа реакција на Трамп доаѓа откако, во објава на Инстаграм, Свифт им кажа на над 280 милиони следбеници дека ќе гласа за потпретседателката на САД на изборите на 5 ноември, а ова е најголема поддршка досега за Харис од страна на познатите личности. Анкетите покажуваат дека трката е суштински изедначена меѓу двајцата кандидати.
„Ќе го дадам својот глас за Камала Харис и Тим Валц на претседателските избори во 2024 година. Гласам за Камала Харис бидејќи таа се бори за правата и причините за кои верувам дека и треба воин кој ќе ги брани“, истакна Свифт во својата објава.
Претходно Трамп рече дека „не е обожавател на Тејлор“.
„Тоа беше само прашање на време“, изјави Трамп во интервјуто за „Фокс њуз“.
„Таа е многу либерална личност. Се чини дека секогаш поддржува демократ, а веројатно ќе ја плати цената за тоа на пазарот“, додаде Трамп, експертот за пазарна економија.