„Пол Кругман од „Њујорк тајмс“ предвидува пропаст и тага од мојот голем изборен успех во 2016 година“, беснееше Трамп во објава на неговата социјална мрежа Truth Social доцна во неделата.
„Со други зборови, тој греши со ГОДИНИ, додека СИТЕ пазарни индекси соборија рекорди и сега се на највисоко ниво досега“, напиша тој.
„Луѓето се држеа подалеку од „НАЈДОБРИОТ ПАЗАР ВО ИСТОРИЈАТА“ поради овој пореметен пропалитет опседнат со Трамп. Тужете ги!“, додаде тој.

Ова доаѓа откако Кругман, кој ненадејно го напушти „Њујорк тајмс“ кон крајот на минатата година по повеќе од две децении, почна да ги критикува царините на Трамп на својот нов профил на „Сабстек“.
Во колумна објавена претходно во неделата, економистот ги опиша повеќето царини како „очигледно нелегални“.
Тој, исто така, го критикуваше Трамп за поништување на „90-годишното намалување на царините“, објавува „Њујорк пост“.
„Да не бидам нејасен, она што ќе го тврдам во денешниот текст е дека трговската војна на Трамп треба да се гледа како дел од пакет политики што претставуваат класна војна – класна војна против средната и пониската класа Американци во корист на богатите, особено најбогатите 10 проценти според приходите“, напиша Пол Кругман.