Доналд Трамп, кој како претседател на САД беше критикуван дека го пофалил рускиот лидер Владимир Путин, го даде својот прв коментар за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.
„Ненадејната смрт на Алексеј Навални ме направи сè повеќе свесен за она што се случува во нашата земја. Тоа е бавна, постојана прогресија со нечесни, радикални левичарски политичари, обвинители и судии кои нè водат по патот на уништување“, напиша Трамп.
„Отворените граници, наместените избори и крајно нечесните судски одлуки ја уништуваат Америка. Ние сме нација во опаѓање“, додаде тој.
Актуелниот американски претседател Џо Бајден во петокот директно го обвини Путин за смртта на Навални во казнено-поправниот дом северно од Арктичкиот круг.