„Мексико ќе продолжи да плаќа царина од 25 проценти за фентанил, царина од 25 проценти за автомобили и царина од 50 проценти за челик, алуминиум и бакар. Покрај тоа, Мексико се согласи веднаш да ги укине своите нетарифни трговски бариери, од кои има многу“, објави Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
Некои стоки продолжуваат да бидат заштитени од царините утврдени според Договорот меѓу САД, Мексико и Канада од 2020 година (USMCA), за кој Трамп преговараше за време на неговиот прв мандат. Сепак, се чини дека Трамп го напуштил овој договор, што треба да се преговара повторно следната година. Еден од неговите први големи потези како претседател беше воведувањето царини за стоки од Мексико и Канада претходно оваа година, јавија американски медиуми.
Податоците од Бирото за попис покажуваат дека САД лани имале трговски дефицит од 171,5 милијарди долари со Мексико. Покрај справувањето со трговијата со фентанил, Трамп си постави за цел и да го намали трговскиот дефицит.