Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Трамп: Одлуката на судот ја уништува американската нација, претседателот мора да има целосен имунитет

Кандидатот за претседателска номинација на Републиканската партија, Доналд Трамп денеска изјави дека пресудата на судот во Вашингтон, според која тој нема имунитет, „ја уништува американската нација“.

– Претседателот на САД мора да има целосен имунитет за да може да го направи она што е добро за нашата земја. Не смее да се дозволи оваа пресуда што ја уништува американската нација да остане во сила, напиша Трамп на својата социјална мрежа TruthSocial.

Тој додаде дека, доколку не се смени, одлуката „ужасно ќе ѝ наштети“ на институцијата на американскиот претседател и на самата земја.

Американски суд претходно соопшти дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп нема претседателски имунитет и би можел да биде кривично гонет под обвинение за обид за поништување на изборите во 2020 година.

Трамп постојано тврдеше дека има имунитет и дека не може да биде кривично гонет.

„Каков било имунитет на извршната власт што можеби го штитеше додека беше претседател, веќе не го штити од ова кривично гонење“, едногласно одлучи советот од тројца судии. 

Зачлени се на нашиот е-билтен