Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат за овогодишните избори, Доналд Трамп изјави дека „она што се случува со Израел може да заврши со светска војна“, пренесоа денеска израелските медиуми.
– Имаме нешто помалку од седум месеци до претседателските избори на 5 ноември, но тоа е вечност кога луѓето се неспособни, рече Трамп, според „Џерусалим пост“.
На прес-конференција во Палм Бич, Флорида, поранешниот претседател Доналд Трамп посочи дека израелската војна против Хамас во Појасот Газа може да ескалира во светска војна, а потоа продолжи да го критикува претседателот Џозеф Бајден, велејќи дека „тој не знае што прави.
Според него, конфликтот меѓу Русија и Украина може да предизвика светска војна, нагласувајќи дека војна меѓу двете земји никогаш немаше да се случи доколку тој беше претседател.
Коментирајќи ја „рекордна инфлација“ во Америка, Трамп рече дека САД се „нација во пад“.