Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

Трамп денеска рече дека САД планираат да извршуваат нуклеарни проби, доколку другите земји го направат тоа.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повтори дека САД планираат да извршуваат нуклеарни проби, доколку другите земји го направат тоа.

– Ќе спроведеме тестови, да, другите земји го прават тоа. Ако го сторат тоа, и ние ќе го направиме истото, истакна Трамп, без да наведе повеќе детали.

Тој не одговори и за каков вид на нуклеарни проби станува збор.

Нема да кажам. Знам очно што правиме и каде го правиме тоа, но другите земји го прават тоа, па ако можат тие, можеме и ние, посочи Трамп.

Зачлени се на нашиот е-билтен