Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денес и утре во САД ќе пристигнат поединечни европски лидери за да разговараат за можните начини за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина.
По враќањето од тенискиот турнир US Open во Њујорк, Трамп најави дека наскоро ќе има и разговор со рускиот претседател Владимир Путин. „Одредени европски лидери доаѓаат во нашата земја поединечно“, рече тој, без да открие за кои имиња станува збор.
Белата куќа засега не даде дополнителни детали.
Новинарите го прашаа Трамп и за масовниот руски воздушен напад врз Киев во кој беше погодена владина зграда. Тој изјави дека „не е задоволен“ од ситуацијата, но повторно нагласи дека е уверен оти „војната наскоро ќе заврши“.
„Ситуацијата Русија-Украина, ќе ја завршиме“, порача американскиот претседател.