Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Трамп размислува да ја предложи Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

 Изборниот штаб на Доналд Трамп ја разгледува можноста неговата ривалка за републикански кандидат на претседателските избори во САД, Ники Хејли, да биде номинирана за потпретседател, објави денеска новински сајт „Аксиос“.

Трамп би ја избрал Хејли доколку е убеден дека таа ќе му помогне да победи на претседателските избори, да избегне да биде осуден и да оди во затвор, како и да ги покрие десетиците милиони долари правни трошоци доколку загуби, пренесува БТА.

Хејли, поранешна гувернерка на Јужна Каролина и поранешен постојан претставник на САД во Обединетите нации, во март се повлече од трката за номинација на Републиканската партија за претседателски кандидат.

Таа рече дека Трамп, кој постојано ја омаловажуваше нејзината кандидатура, најверојатно ќе биде републикански кандидат, но јавно не го поддржа.

Зачлени се на нашиот е-билтен