„Претседателот Си ме покани да ја посетам Кина и тоа веројатно ќе биде во не толку далечна иднина“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба на Белата куќа.
„Малку е далеку, но не премногу далеку. Ме поканија многу луѓе и многу наскоро ќе донесеме одлука за тоа“, додаде тој.
Соработници на Трамп и Си разговараа за потенцијална средба меѓу двајцата лидери за време на патувањето на американскиот претседател во Азија подоцна оваа година, јавија претходно американски медиуми, повикувајќи се на луѓе запознаени со ова прашање.