Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека жали што ја напуштил Белата куќа откако ги загуби претседателските избори во 2020 година, кои никогаш не ги призна.
-Имавме најбезбедна граница во историјата на нашата земја на денот кога заминав. Не требаше да заминам. Мислам, искрено, затоа што направивме толку добро, рече републиканскиот претседателски кандидат на предизборниот митинг во Литиц, Пенсилванија.
Трамп додаде дека сега има „стотици адвокати“ на секое гласачко место за претстојните претседателски избори. Тој зборуваше за постигнувањата на неговото претседателствување.
Трамп ги загуби претседателските избори во 2020 година од неговиот демократски противкандидат Џо Бајден.
До денес, тој одбива да го признае поразот. Поранешниот претседател поднесе десетици тужби по победата на Бајден во 2020 година, што не успеа на суд.
На 6 јануари 2021 година, неговото инсистирање да победи и дека „победата“ му е украдена, доведе до упад во Капитол во Вашингтон, седиштето на американскиот Конгрес, од неговите поддржувачи.
Трамп на крајот се држеше настрана од церемонијата на положување заклетва на Бајден подоцна истиот месец, кршејќи ја традицијата. Тој ја напушти Белата куќа неколку часа пред инаугурацијата.
Трамп е противкандидта на демократката Камала Харис на претседателските избори на 5 ноември.