Американскиот претседател Доналд Трамп на „Truth Social“ повика 95-годишниот филантроп Џорџ Сорос и неговиот син Алекс да бидат обвинети по федералниот закон RICO, тврдејќи – без приложени докази – дека поддржувале „насилни протести“ низ САД.
Стандардно проблематично е секогаш кога Трамп нешто објавува на неговата социјална мрежа е што не наведува докази, дали е во тек истрага, ниту на кои настани конкретно се повикува. Туку едноставно со своите постови кренува медиумска врева, која создава шум во јавноста и шпекулации кои секако ги хранат теоретичарите на заговор.
Министерството за правда на САД сосема оправдано одби да коментира (најверојатно затоа што ни самите не знаат за што зборува нивниот шеф н.з), додека од Open Society Foundations ги оценија тврдењата како неосновани и смешни.
RICO (Racketeer Influenced and Corrupt Organizations Act) е закон наменет за гонење организиран криминал и коруптивни шеми. Најчесто се применува кога станува збор за картели поврзани со дрога или финансиски малверзации за кои беше обвинет и самиот Трамп и поранешниот близок негов соработник Џулијани (кој сега е пред банкрот токму под овите правни точки, додека Трамп доби имунитет од Врховниот суд на САД).
Правни експерти предупредуваат дека јавно прозивање без докази ризикува политизирање на кривичниот систем, особено кога станува збор за видливи донатори и критичари на администрацијата.
Сорос со децении е меѓу најголемите донатори на демократските иницијативи и невладини организации; токму поради таа улога често е мета на обвинувања од конзервативни кругови. Новиот напад на Трамп доаѓа во момент на засилени политички тензии во САД, каде што секој потег кон правосудно таргетирање на политички противници предизвикува дебата за границите на власта и слободата на говор.