Американскиот претседател Доналд Трамп (79) во обраќање на собирот на републиканските пратеници во Кенеди центарот во Вашингтон се задржа на темата за сопственото здравје и медиумското покривање, тврдејќи дека јавноста и „пресот“ постојано бараат повод за шпекулации.
Во еден дел од говорот Трамп се пожали дека, како и да постапи со лекарските прегледи, реакцијата е негативна: ако не направи преглед, се навестува дека „има нешто“, а ако направи – се проблематизира зошто направил „премногу“ тестови. Во истиот контекст повторно ја промовираше идејата носителите на највисоки функции задолжително да полагаат когнитивни тестови.
Најмногу внимание привлече анегдотата со која ја објасни, како што рече, „лавината“ од гласини дека починал. Трамп раскажа дека излегол на кратко, „две часа“, за да игра голф со внуката Каи, по што новинарите „не можеле да го најдат“, а почнале и телефонски повици од луѓе кои прашувале дали е во ред, бидејќи „има извештај дека повеќе не сте со нас“. Тој додаде дека му требале „неколку недели“ да ја „исправи“ таа приказна.1
Епизодата доаѓа по сличен бран шпекулации од почетокот на септември 2025 година, кога на социјалните мрежи кружеше тезата дека Трамп е мртов, а тој јавно ги отфрли гласините како „лажни вести“, по неколку дена со поретки јавни појавувања.
Во видеата од настапот, покрај содржината на говорот, дел од онлајн-коментарите се фокусираа и на неговиот изглед – вклучително и тврдења за забележлива промена во фризурата и нијансата на косата – што дополнително ја зголеми виралноста на снимките.