Шефот на кабинетот на Белата куќа минатата недела изјави дека разговарал со неколку луѓе за купување на TikTok и дека најверојатно ќе донесе одлука за иднината на популарната апликација во рок од 30 дена.
Kомпанијата Мајкрософт е во преговори за преземање на социјалната мрежа TikTok во САД, им изјави, вчера на новинарите, американскиот претседател Доналд Трамп, истакнувајќи дека тој самиот би сакал да види „војна на наддавања“ меѓу потенцијалните купувачи за апликацијата.
Трамп по вторпат изјавува дека има разговори меѓу Мајкрософт и ТикТок и дека компанијата може да биде купувач на популарната социјална мрежа во САД.
Претставниците на технолошкиот гигант со седиште во Редмонд одбија да ги коментираат тврдењата на Трамп, додека ниту TikTok ниту неговиот кинески сопственик ByteDance не одговорија на барањето на Ројтерс за коментар на изјавата.
Онлајн видео платформата со околу 170 милиони корисници во САД беше накратко затворена, или целосно недостапна, непосредно пред да стапи на сила законот на 19-ти јануари кој бара ByteDance или да го продаде TikTok на американски купувач „од национална безбедност“ или да се соочи со целосна забрана.
Откако официјално ја презеде функцијата на 20 јануари, Трамп потпиша извршна наредба со која сака да го одложи спроведувањето на законот за 75 дена.
Шефот на кабинетот на Белата куќа минатата недела изјави дека разговарал со неколку луѓе за купување на TikTok и дека најверојатно ќе донесе одлука за иднината на популарната апликација во рок од 30 дена. Тој претходно изјави дека е отворен за можноста милијардерот Илон Маск да го купи TikTok доколку сака, но извршниот директор на Tesla и сопственик на платформата X јавно не ја коментираше понудата.
Стартап-компанијата Perplexity AI во неделата поднесе предлог за спојување со TikTok, при што американската влада треба да преземе сопственост над половина од новосоздадената компанија во иднина, објави Ројтерс во неделата.
За време на неговиот прв мандат, Доналд Трамп му нареди на TikTok да ја одвои својата американска верзија, или поточно неговите операции во САД, од кинескиот сопственик ByteDance, наведувајќи ја загриженоста за националната безбедност како главна причина за тоа.ReplyForward