Претседателот на САД, Доналд Трамп, во радио интервју изјави дека смета оти четврток е добар рок за Украина да го прифати предлогот поддржан од САД за завршување на војната со Русија.
„Поставив многу рокови, но кога работите ќе одат добро, роковите можат да се продолжат. Но, сметаме дека четврток е добар рок“, рече американскиот претседател во емисијата на Брајан Килмид на радио „Фокс њуз“.

